Што е егзема и како можеме да ја контролираме?

Егземата е состојба која може значително да влијае на квалитетот на животот, предизвикувајќи чешање, сувост и иритација на кожата. За да ги разјасниме најчестите прашања поврзани со причините, симптомите и третманот на егзема, разговаравме со нашиот искусен дерматолог, Д-р Тихомир Цветковиќ. Во ова интервју, тој објаснува како генетиката, околината, и животниот стил играат улога во развојот на егзема и кои стратегии можат да помогнат во контролата и третманот на оваа состојба.

Што претставува егземата и кои се најчестите причини за нејзино појавување?

Егземата претставува хронично воспаление на кожата кое го карактеризира чешање, црвенило и сувост. Главни причини за појава на оваа состојба се генетската предиспозиција, нарушената бариерна функција на кожата и изложеноста на алергени и иританси.

Дали егземата е наследна и како генетиката игра улога во оваа состојба?

Да, егземата има наследна компонента. Меѓу останатите фактори, генетската предиспозиција има голем удел кон слабеење на кожната бариера, што ја прави кожата поподложна на иритации и воспаленија.

Кои се најчестите симптоми и како да ја препознаеме егземата?

Најчести симптоми на егзема се чешање, сувост, црвенило и појава на плускавци или лушпеста кожа. Се препознава по појавата на воспаление, чешање и иритација на делови на кожата, најчесто на рацете, лицето и телото.

Како годишните времиња влијаат врз егземата и дали есенските услови можат да ја влошат состојбата?

Есенските и зимските услови, сувиот воздух како и изложеноста на топли простории, можат да ја влошат егземата. Се советува редовна хидратација и заштита на кожата со соодветни препарати.

Кои се најчестите тригери на егземата и кои мерки ги препорачувате за да се избегнат?

Најчести тригери за појава или влошување на егземата се стрес, алергени, хемиски иританси и екстремни температури. Препорачувам избегнување на иритантни супстанци, употреба на хипоалергени производи и редовна хидратација на кожата.

Дали постои разлика помеѓу егземата кај деца и кај возрасни, и како се пристапува кон третманот кај различните старосни групи?

Да, егземата кај деца и возрасни нотира разлики во поглед на локализацијата и изгледот на промените. Кај деца, често се појавува на лице и превојни места, додека кај возрасни најчесто ја среќаваме на раце, стапала и задниот дел од вратот. Третманот кај деца вклучува хидратантни креми и благи кортикостероиди, додека кај возрасни може да се користат и појаки лекови.

Кои третмани за егзема ги нуди Дермаплус и што ги прави ефикасни?

Тимот на дерматолози во Дермаплус располага со најновите спознанија и стандарди во третманот на егземата, како и со совети за превенција и менаџмент на симптомите. Секој преглед заслужува и добива индивидуализиран пристап, прилагоден на животот и навиките на пациентот.

Како можат пациентите сами да ја контролираат состојбата на егземата дома, и каква улога игра негата на кожата?

Пациентите можат да ја контролираат егземата во домашни услови преку редовно хидрирање на кожата, избегнување на тригери (алергени, иританси, стрес), користење на хипоалергени производи и избегнување дијаметрални температурни разлики. Негата на кожата, особено хидратацијата и употребата на нежни средства, е клучна за одржување на кожната бариера и превенција од воспаленија и инфекции.

Дали исхраната и начинот на живот влијаат на егземата, и што би им препорачале на пациентите?

Исхраната и начинот на живот имаат голем удел во клиничката слика на егземата. Се препорачува балансирана исхрана, богата со антиоксиданси и омега-3 масни киселини, избегнување на процесирана и/или конзервирана храна како и редовна физичка активност. Менаџмент на стрес и неговото канализирање има огромно влијание на терапијата и текот на симптомите.

Што би им препорачале на пациентите кои страдаат од егзема за подобро да се справат со симптомите и да го намалат нејзиното влијание врз секојдневниот живот?

Егземата е состојба која има лек и која скоро секогаш поминува без последици, па така нашата препорака е да се има трпение и да се придржува кон советите дадени од дерматологот. Многу битен фактор во успехот на третманите е да не се подлегне кон самолекување и користење на несоодветни препарати.

Контролирањето на егземата може да биде предизвик, но со правилен пристап и поддршка од дерматолог, пациентите можат значително да го намалат нејзиното влијание врз секојдневниот живот. Д-р Цветковиќ препорачува индивидуализиран пристап и внимателна нега на кожата за постигнување на најдобри резултати. Ако се соочувате со егзема или слични проблеми, закажете консултација во Дермаплус за да добиете персонализиран план за третман кој ќе одговара на вашите специфични потреби.

Share this story: